Музика на кирилица

По Македонија, “Next Time” ќе ја освојува Србија

Мартин и Стефан или уште попознати како рок бендот “Next Time”, по македонската публика ќе ја освојуваат и српската. Тие веќе подолг период престојуваат во Белград и работат на новиот музички материјал. За таа цел веќе е ангажиран проверениот тандем Марина Туцаковиќ и Дамир Хајдановиќ кои треба да подготват одлични песни за нашите момци.

Како што дознава Музика24, познатиот шоумен Боки13 го направил контактот помеѓу нив. Тие не откриваат детали, но на големо планираат идниот период да го освојат балканскиот музички простор. За тоа што и како работат и што може да очекуваме во идниот период од нив, веднаш откога ќе се вратат од Белград.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: