Музика на кирилица

По успешната операција во Швајцарија, Калиопи закрепнува во Скопје

По инсистирање на поранешниот сопруг Ромео Грил, нашата поп дива Калиопи беше успешно оперирана во Швајцарија. Како што велат од организацијата на Грил, познатата македонската пејачка била подложна на оперативен зафат за разбивање на бубрежен камен. За среќа на сите нас, операцијата поминала во најдобар ред, без никакви компликации и таа деновиве успешно заздравува. Лекарите соопштиле дека Калиопи во текот на денешниот ден ќе биде пуштена на домашно закрепнување.

Инаку, поради лошата здравствена состојба на нашата поп пејачка, иако таа не сакала и се противела, сепак нејзината долго најавувана регионална турнеја “Мелем” е одложена за следната 2014-та година. Калиопи мораше да го одложи големиот веќе закажан концерт во Хрватска, кој според најавите би требало да се одржи на 18-ти фебруари, а освен во Загреб, Калиопи го одложи и големиот концерт кој беше најавен пред македонската публика.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: