Музика на кирилица

Виктор Апостоловски наскоро промовира нова песна со видео спот

Познатиот битолчанец, дел од музичкото тв шоу “Македонски идол” Виктор Апостоловски во петок ќе промовира нов видео спот, а станува збор за одличната балада “Ми фалиш ти”. Спотот е во изработка на продукцијата “Тривија”, а песната е комплетно дело на Виктор. Младиот пејач пред промоцијата за медиумите открива како и на кој начин се создала неговата нова песна:

“Почнав да ја пишувам уште кога се одржуваше шоуто, но остана недовршена. По подолга пауза, се навратив и сфатив што ќе потребно за да биде комплетна. Многу важен момент во правењето на оваа композиција беше продукцијата, но поради фактот што во песната има лична приказна, продолжив да ја работам сам. Денес кога имам готов производ возбудата е огромна”, изјави Виктор. Во продолжение, погледнете го краткото промо видео за новиот спот и промоцијата.

Подготви: Катерина Димиќ

Можеби ќе ве интересира: