После минатогодишниот албум “Ултиматум”, битолската рап група “Поетика” и годинава ќе објави нов алум, но овој пат заеднички со колелгата Боб Ем-си. Деновиве стигна и првиот сингл од претстојното издание, чија промоција се очекува кон средината на годинава. Станува збор за темата насловена “Картел”, чија продукција, микс и мастеринг ги направи Дејан Трајчевски, а како звучи сето тоа можете да слушнете во продолжение.
Подготви: Дениза Илиевска
