Музика на кирилица

Погледнете: Кои се најубавите песни на Тоше Проески (Аудио+Видео)

Денес е тежок и тажен ден за сите нас. Пред 14 години на денешен ден во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска, трагично го загуби животот еден од најпознатите македонски изведувачи, поп пејач, композитор и пред се голем човек, нашиот Тоше Проески. За жал, неговиот живот заврши токму во годината кога одбележуваше 10 години успешна музичка кариера и кога истата почнува да станува меѓународна. И покрај големите напори, вложувања, жртви… тој не доживеа да биде дел и да се израдува на неговиот албум на англиски јазик “The Hardest Thing” кој неколку години подоцна беше постхумно издаден.

Зад себе остави седум албуми, неколку и на српски/хрватски јазик. А во негова чест и по повод денешниот ден, иако сите негови песни се големи хитови и не може да се каже која од која е послушана и посебно драга и мила и кај секој посебно буди емоции, сепак, ние од Музика24 ве потсетуваме на дел од неговите најубави, најемотивни и најслушани песни кој тој ги остави како подарок за сите нас.

…впрочем сите песни на нашиот Тоше се безвременски. Слушајте ги секогаш и секаде и не заборавајте, раскажувајте им на вашите деца, на идните генерации кој и што беше тој. Бидејќи, иако можеби физички тој не е веќе со нас, сепак, тој е тука некаде и со неговите песни не потсетува дека сеуште е жив и уште долго ќе живее…

Можеби ќе ве интересира: