Музика на кирилица

Последен поздрав за Тоше… “Убав сон” (Аудио)

Басистот на Тоше Проески, Трајко Симоновски – Таци напиша песна за него во која како последен поздрав му посака “Убав сон”. Песната е напишана во јануари 2008 година, неколку месеци по смртта на Тоше и е комплетно дело на Таци, кој воедно е и продуцент, а како гостин – пејач, се јавува Сара Мејс.

“Не сакав да направам класична – main streаm поп песна, туку искрена песна која ќе ги опише комплицираните емоции насобрани во мене кога се случи тоа што се случи”, вели Тоци. Според него Сара е толку многу полна со музика и искрени емоции, што веднаш почувствувал дека нејзиниот вокал е вистинската допирна точка со визијата за  точно замислениот звук на “Убав сон”. Песната поминала низ неколку верзии пред да ја добие конечната форма.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: