Славните светски имиња нема да бидат тоа ако на некој од своите профили на социјалните мрежи не прикачат некоја откачена, интересна или перверзна фотографија. Ријана која сите добро ја познаваме по мноштвото светски хитови, се подготвува за концерт, но таа подготвувајќи се на својот твитер профил објави заводлива фотографија.
Веројатно Ријана сакала само да видиме како таа вообичаено се подготвува за престојниот концерт, но меѓудругото на фотографијата се гледа дека таа е облечена само во жолти гаќи. Знаејќи дека таа многу не ја обожува облеката, не е ни чидо што неодамна направи фото-сесија по костими за капење и долна облека.
Подготви: Марија Поповска
