Музика на кирилица

Синди се враќа на македонската музичка сцена

Се сеќавате ли на момчето кое зад себе ги имаше познатите хип-хоп хитови “Ек Синди”, “Прекрасна”, “Мојата песна”… Да, претпоставувате станува збор за раперот Димитар Синдилиев – Синди кој зад себе има два албуми, многубројни настапи низ македонските клубови и дискотеки и турнеја. По подолга музичка апсиненција, тој повторно се враќа на македонската хип-хоп сцена, овој пат со нешто ново, интересно и се надеваме прифатливо за сите Вас.

Кога Вашиот новинар од Специјализираниот македонски музички портал Музика24 го запраша Синди зошто во изминатиот период не беше активен на музичката сцена и која беше причината поради тоа, тој ни одговори дека во моментот е апсолвент на два факултети и тоа Економскиот и Музичкиот факултет во Софија, соседна Бугарија. Истовремено, тој се појавува и како продуцент, текстописец и аранжер на афирмирани и неафирмирани музички артисти.

Тој ни откри дека освен тоа, се занимава и со продукција која опфаќа компонирање и креирање на музика, пишување текстови и менаџирање на пејачи и бендови. Најновото од Синди е неговата нова песна “Рампампам” за која што наскоро очекуваме и видео спот.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: