Музика на кирилица

Преслушајте: Гуру Харе заедно со Тамара ја промовираа “Љубов” (Аудио)

Неодамна познатиот македонски музичар Игор Атанасовски (Гуру Харе) сними нова песна која го носи насловот “Љубов”, а како свој соработник кој ќе и даде посебна душа и совршено ќе ја отпее оваа песна, Гуру Харе ја одбра Тамара Тодевска.

“Да пееш за љубов, а тоа да не биде патетично, треба навистина да пееш од душа, а Тамара точно тоа и го направи. Таа ја има онаа “блуз-жичка” што мене ме придвижува и тоа е се што треба”, вели Харе во неодамнешен разговор со српскиот портал “Опуштено”.

Музика и текстот се на самиот Харе, вокалите споменавме ги пее Тамара, гитарските делници, логично, ги свири Харе, бас-линиите Трајко Симоновски – Таци, тапаните Мите Димовски, а клавијатурите Дамир Имери. Темата “Љубов” е снимена и миксана во студиото “Тра-ла-ла” на Мите Димовски, а видеоанимацијата ја потпишува Александар Јанковиќ, со почит кон Рој Лихтенштајн, како што пишува самиот тој.

“Љубов” е воедно и третиот сингл од новиот албум што го подготвува Харе (по “Ти си таа” со “Нокаут” и “Секој ден” со Џамбазов), а како звучи и изгледа сето тоа дознајте во продолжение.

Можеби ќе ве интересира: