Во прв ред

Концертот на Tom Odell наместо во СРЦ Кале ќе се одржи во МКЦ

Како што не информираа нашите соработници од Авалон продукција, долгоочекуваниот концерт на британската поп ѕвезда Tom Odell наместо на веќе закажаната локација СРЦ Кале, истиот ќе биде одржан на новата локација Младинскиот Културен Центар.

Како што велат од Авалон, Tom Odell еден ден пред концертот во Скопје свири во Белград и доаѓа со негова бинска опрема, па поради тешката конфигурација на СРЦ Кале, тие се приморани да ја направат оваа промена. приморани сме да ја направиме оваа промена. Со оваа промена на локација на сала, концертот ќе биде со навистина ограничен број на влезници.

Од оваа причина, продажбата на влезниците за трибини е стопирана, додека сите останати што веќе имаат набавено влезници од оваа категорија, ќе бидат сместени во посебен дел од дансинг салата. Влезниците од категориите партер и фан пит се во слободна продажба и истите можат да се набават онлајн на avalon.mk и преку продажната мрежа на Авалон низ Македонија.

Можеби ќе ве интересира: