Музика на кирилица

Пристигна наградата на Даниел Кајмакоски (Фото)

После трачот кој се рашири како молња дека бил изигран од страна на организаторите на “X Factor Adria”, Даниел Кајмакоски со фотографија го покажа спротивното. Тој на својот официјален фејсбук профил се пофали со наградата која му беше доделена токму пред салонот за автомобили од марката Mini Couper и чек од 10.000 евра кој ќе биде наменет за снимање на неговиот прв албум кој треба да излезе во јуни.

“Можеби чекав долго, но сепак се исплатеше и сум пресреќен што конечно можам да се опуштам во својот автомобил со добра музика”, изјави Даниел Кајмакоски кој не ја криеше радоста.
Daniel 1

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: