Во прв ред

Алекса Перовиќ нападнат од македонските обожавателки (Фото)

Доцна синоќа за прв пат во Македонија односно во Скопје пристигна младиот пејач Алекса Перовиќ кој сите ние го запознавме и го паметиме по одличните настапи во музичкото регионално тв шоу “X Factor”. Перовиќ бил видно изненаден од дочекот кои му го подготвиле неговите фанови. Тие во голем број го дочекале пред ресторанот Дион каде заедно со него се фотографирале и пееле.

Тој изјавил дека прв пат ја пробува македонската кујна и едноставно преубава е, му се допаѓа, а веднаш потоа посакал да се фотографира со дел од спомениците во нашиот главен град, како и со споменикот на Тоше Проески.

Aleksa Perovic_skopje1

Како што веќе пишувавме вчера, Алекса Перовиќ вечерва свој настап ќе има во гостиварскиот клуб “Масива”, а веќе утре, сабота, тој настапува пред скопската публика.

Подготви: Марија Каревска

Можеби ќе ве интересира: