Целта на овој протест е да се донесат протоколи за работа на рестораните за организирани настани. Да се вратат во функција сите комплементарни дејности (музичари, фоторафи, видеопродукции, ателјеа за венчаници, студиа за декорации, слаткарници, цвеќари, шминкери, креатори). Забраната трае, а тие сеуште чекаат протокол за работа веќе една година.
Почеток: Петок (19.02.2021), во 14:00 часот на Бул. Александар Македонски, Автокоманда (главната раскрсница кај пожарна и Земјоделски факултет). Протестот ќе биде мирен со почитување на сите здравствени протоколи.
