Музика на кирилица

Роберт Саздов, уметнички директор на “Макфест”: Настанот кој што не е објавен исто како да не се одржал – новинарите се најбитниот дел

Очигледно “Макфест” и годинава, намерно или не, ќе ги заборави новинарите

Општина Штип и сите оние кој на директен или индиректен начин се инволвирани и годинава во организацијата на Фестивалот на забавна мелодија “Макфест” во Штип, се подготвуваат за 38-то фестивалско издание кое годинава ќе се одржува под слоганот: „38 години Макфест – фестивалска симфонија за цела Македонија“.

Екипа од музичкиот портал Музика24, пред извесен период поразговара со уметничкиот директор на “Макфест”, познатиот македонски музичар и дел од групата “Куку Леле”, Роберт Саздов.

“Целата поента на годинешниот “Макфест” е да се обезбеди што повеќе учесници кои имаат голем ентузијазам во нив, дали тоа ќе бидат младите или некои што веќе настапувале… Ентузијазмот е клуч. Тоа е нешто што мене ме води како ги одбирам авторите и изведувачите, кои се, како се…Кога ќе се појави некој на сцената нема превара, нели. Се се гледа и се е јасно. На сцена не може да се фолира никој, како што не може ниту на фудбалски натправар, нели. Така да ентузијазмот носи една друга енергија, поголема желба, да не биде само одам да настапам и тоа е тоа.

Што се однесува до концептот на годинешното 38-мо издание, тој ќе биде идентичен како оној од минатата година. Ќе има две вечери, на 21-ви и 22-ри октомври 2023 година. На 21-ви е натпреварувачката вечер без доделување на награди меѓутоа ете некои од изведувачите што не се доволно афирмирани, кои што се понови изведувачи (дебитанти) не мислам тука на автори туку само на изведувачи. Дел од нив кои ќе обезбедат најмногу гласови од публика и од жири комисијата ќе пејат и во вторта вечер на 22-ри окромври која пак ќе биде ревијална и каде ќе пејат и други изведувачи кои претходно се докажани и имаат некоја поголема музичка биографија. Оваа година ќе има поголем број на песни изведени на “Макфест” за разлика од минатата година. Дури дел од изведувачите ќе бидат споени во дует, затоа што ако секој изведе само по една песна ќе треба самиот фестивал да трае 3 часа и повеќе”, изјави за Музика24, Роберт Саздов, уметничкиот директор на овогодинешното издание на “Макфест”.

На прашање од Музика24 која е екипата која што годинава ќе го работи и организира фестивалот, освен Саздов како дел од тимот, тој со двоумење го одговори следново:

“Не знам колку е тоа битно… вие пишувате за стручен магазин или за општа публика… тоа сепак ќе прашате во Општина Штип, јас моќам да одговарам на прашања за уметничкиот дел. Ова што ме прашувате веќе спаѓа во друга сфера. Ние може да разговараме од уметнички аспект “Макфест” како, што, кога, колку…”, одговори Саздов избегнувајќи го одговорот кој што нас не интересираше.

Освен тоа, уметничкиот директор го запрашавме и за лошиот и некоректен пристап од страна на организаторите кон нас новинарите кои сакаме имаме желба и со години го следиме Фестивалот за забавни мелодии во Штип. Дали ако не изминатите години кога не не третираа дека постоиме, оваа 2023-та година од страна на организаторите, челните лица на фестивалот и Општина Штип кој е всушност и главниот огранизатор на фестивалот, ќе бидеме пречекани, одлично примени, сместени и како естрадни новинари во Македонија (кои веќе на прсти се броиме) ќе можеме да го следиме 38-то издание на еден од најстарите музички фестивало во нашата држава. На сево ова Саздов за Музика24 одговори:

“Ова навистина не е мој домен, навистина. За минатата година знам дека се реновираше хотелот “Оаза” кој што има најголем сместувачки капацитет во Штип, и требаше да биде завршен. Секако не е тоа до нас. Во време на одржување на фестивалот не беше подготвен и дозавршен со реновирањето како што е сега. Минатата година беше проблем да се сместат и изведувачите. Поголемиот дел од нив откако ќе настапеа си одеа. Тој е капацитетот во Штип. Не се работи за респек или не респек, едноставно нема можност, не може да ги сместуваме новинарите по куќи, по домови… За минатите години навистина не знам како било затоа што јас со оваа задача бев во 2012-та година, минатата 2022 година и sega оваа 2023-та. Не сум вклучен јас во тој дел на организацијата. Знаете, настанот кој што не е објавен исто како да не се одржал. новинарите се најбитниот дел. Тамн работа ако тука нема респект кон Вас.

Да помине летото, да ги средиме песните, да ги имаме, да се заврши со сето тоа, па таму некаде септември, месец пред одржување на “Макфест” ќе можат да се дадат сите одговори за се она што ве интересира. Сега сме ние во фаза да ги добиеме сите песни готови”, додаде Роберт Саздов за музичкиот портал Музика24.

Старите велат од ветување куќа не се растура, така да ќе бидеме трпеливе и за месец-месец и половина повторно ќе бидеме во контакт и со Роберт Саздов како уметнички директор на “Макфест” и со општинарите од фрадот Штип кој се организатори на фестивалот.

Можеби ќе ве интересира: