Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ – Скопје го организира четвртиот настан во рамки на караванот за младинска, алтернативна и критичка култура „Тригер“, овојпат со настан во Тетово. Настанот ќе се случува вечерва (30.10.2026година, петок) во кафе-барот „Гужва“ со почеток во 19:00 часот.
Во рамки на настанот ќе се случи промоција на третиот број од Списанието за општа култура „Тригер“ за којшто ќе зборуваат членовите на редакцијата Ангела Бошкоска, Марија Велинова, Стефан Спасовски и Андреј Медиќ Лазаревски
Покрај промоцијата ќе бидат претставени и другите изданија од издаваштвото на „Култура Бета“ низ разговор на тема „Младинско издаваштво“. По разговорот ќе следи поетско читање на кое ќе настапат: Ангела Бошкоска, Марија Светозаревиќ, Николина Савеска, Ангела Андоновска, Стефан Спасовски, Марија Велинова, Јана Секулоска и Теодор Тасевски.
Инаку, караванот „Тригер“ досега одржи настани во Скопје, Куманово и Охрид, а следно покрај настанот во Тетово, ќе се случат и настани во Штип и Битола. Караванот има за цел да ги испромовира активностите на „Култура Бета“, промоција на списанието за општа култура „Тригер“, но и да направи вмрежување со локални уметници и културни работници и да понуди можност за заедничко креирање на настани.
Проектот „Караван за младинска, алтернативна и критичка култура ‘Тригер’“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.
