Музика на кирилица

Шилегов ги повика Шеќеринска, Петров и Макрадули да учествуваат во #ЛокаленМузичкиПредизвик

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, сподели вчера на социјалните мрежи дека од Тони Зен добил на подарок два негови албуми. Тоа го инспирирало Шилегов да ги повика своите партиски колеги Радмила Шеќеринска, Коста Петров и Јани Макрадули да учествуваат во #ЛокаленМузичкиПредизвик.
“Тоа ме натера да се потсетам на времето кога активно собирав плочи и се гордеев на мојата колекција. Во деновите кога задолжително седиме дома, а локалните музичари имаат многу помалку ангажмани, е идеална прилика да поддржиме домашна музика и да им помогнеме на овие наши сограѓани. Затоа, денеска набавив три изданија на македонски музичари и им ги испратив на Коста Петров, Радмила Шеќеринска и Јани Макрадули за да ги повикам да учествуваат во #ЛокаленМузичкиПредизвик и да го прошират кругот, подарувајќи им музички изданија на своите колеги и пријатели, а со тоа да им помогнат на локалните музичари во продажбата на своите албуми”, пишува Шилегов на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира: