Музика на кирилица

Скитара утре вечер во Радовиш

“Escape Caffe” во Радовиш ќе биде утре вечер местото каде познатиот македонски музичар Дејан Јанушев или во јавноста познат како Скитара ќе се претстави пред својата тамошна публика. Доколку не знаете кој е Скитара и за кого пишуваме, накратко, ќе Ви го пратставиме младото момче.

Дејан Јанушев (Скитара) е еден од неколкуте познати македонски хип-хоп и r’nb dj-и и музички продуценти. Зад него стојат голем број на познати хитови, песни од албумите на Пука Козметика, Тони Зен, Кацар, Сиги…, а освен со овие музички имиња, тој има соработувано и со Тамара Тодевска и Слаткаристика. Во 2010-та неговото име се најде на првото место на натпреварот за ремикс на песната “End of time” од светски познатата поп дива Бијонсе.

Неговиот настап започнува утре вечер во 21 часот, доколку сте негов фан, сте или патот Ве води кон Радовиш, Ви го препорачуваме овој настан за добра и луда забава.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: