Скопскиот џез фестивал во соработка со македонската софтверска компанија за развивање мобилни апликации CodeWell, ја лансираше мобилната апликација за годинешното издание на фестивалот. Апликацијата содржи распоред на концертите, податоци за учесниците, архива на претходните изданија, како и информации за продажба на билетите. Апликацијата “Скопски џез фестивал 2013” е достапна на Google Play и App Store. Апликацијата може да се превземе на следните линкови: Google Play и App Store.
Претходна објава
Следна објава

