Mакедонскиот филм “Максим” на режисерот Кирил Трајковски, ја раскажува интересната приказна за едно момче од Скопје – Максим, кое се вовлекува во еден куп авантури и незгоди ситуации во Македонија, Бугарија и во Индија, зачинети со многу крв, секс и измами. Главните улоги ги играат Кирил и Маја Трајковски, Васил Шишков, а како специјални гости со сериозни улоги се појавуваат и Слаткаристика и Тони Зен. Како директори на фотографија се потпишуваат Благој Мирчевски и Драган Паковски, а музикате е на Скит Скитара.
Подготви: Редакција Музика24
