По концертот кој што го одржа изминатиов викенд на Алекс Плажата, во Дојран, Слаткаристика ја продолжува летната турнеја. Тој во четврток вечерта свој концерт одржа во туристичкото место Созопол, соседна Бугарија. Концертот се одржа во летната дискотека “Баш Бар Градина”, а како гости на концертот се појавија познатиот бугарски рапер Бобо како и Џами исто така од Бугарија. Слаткаристика настапи со DJ Oky Doky и Аце НЛ.
“Ме боли к.р”, “Бам-Бум”, “ФМ”… дури и најновата “Џими Џам” беа дел од песните кои нашиот Слаткаристика ги отпеа пред бугарските, македонски и останати туристи присутни на концертот. Влезот за концерот беше слободен. А во идниот период, Слаткаристика ќе имаат можност да го видат на концерт во Берово во клубот “Калипсо”, а потоа следуваат Тетово и Аква Паркот во Пробиштип.
Подготви: Влад Петров
