Музика на кирилица

Со многу награди и музика заврши шестото издание на “МАРС 2013” (Фото)

По неколку месечното гласање за радио хит низ македонските радиостаници, вчера вечер беше прогласувањето на победниците кои според гласовите од публиката ги определија победниците во многуте категории. Иако овогодинешното издание на “МАРС” започна можеби некако непланирано и водителите беа малку збунети, сепак, манифестација продолжи како што беше планирано. За жал, повеќето од повиканите да доделат нечија награда или пак да добијат награда не беа присутни, но оние кои беа во Универзалната сала направија вистинско музичко шоу.

Познатиот дрзок МС Слаткаристика ги поздрави присутните преку снимена видео порака, бидејќи како што најавија водителите, тој моментално се наоѓа во Италија каде ги забавува тамошните негови фанови. Голама забава и разиграност помеѓу публиката направија кралицата на ромската музика Есма со Лозано, кои пеејќи ја евровизиската “Пред да се раздени”, немаше кој што не заигра и не запеа со нив.

Есма и Лозано на вчерашниот настап на "МАРС 2013"Дел од познатите кои беа повикани на сцената да доделат награди беа: Весна Петрушевска Бејби, Дадар, Светлана Црнокрак, Виктор Петров Викса, Мери Попова, Ненад Ѓеогриевски, Глигор Копров… додека пак, наградите оваа година на “МАРС 2013” според гласовите од публиката беа доделени на следниот начин:

  • Награда за Најголем радиски хит и радиски хит отпеан од група им беше доделена на групата “Нокаут”, кои воедно добија 60.000 денари и можност бесплатно во наредните 365 дена да ја искористат Универзалната сала за свој концерт ;
  • Најдобар радиски хит испеан од машки вокал беше прогласена песната “Месечина” од Димитар Андоновски ;
  • Најдобар радиски хит испеан од женски вокал и беше доделена на Тамара Тодевска за песната “Само сакам да” , која од оправдани причини не беше дел од вчерашната манифестација, па во нејзино име наградата ја подигна претставник од нејзината матична продукција ;
  • Најдобар текст на песна му беше доделена на Влатко Илиевски за песната “Само за неа” ;
  • Наградата за Најдобар радиски поп хит отиде за песната “Ти се промени” од Роберт Билбилов и Дон ;
  • Најдобар радиски хип-хоп хит беше доделена за песната “Добро да е” од Слаткаристика ;
  • Наградата за Најдобар радиски рок хит му припадна на Бени и Нон-Стоп за песната “Љубов” ;
  • За Најдобра балада беше прогласена песната “Не е фер” од Дарко Илиевски ;
  • Награда за Најдобра преработка (cover) беше прогласена песната на АЈ Кју “Боби баш ми е гајле” ;
  • Награда за Најдобра соработка е песната “Пред да се раздени” на Есма и Влатко Лозановски ;

Тајзи - вчера вечер на "МАРС 2013"

  • Изборот на публиката и Награда за ѕвезда што се раѓа му беше доделена награда на познатиот Тајзи и
  • Наградата за трајни вредности и припадна на групата “Лева патика” за легендарната песна “Неправда”.

Освен овие веќе горе наведени награди, награди за изведувачи од соседството им беа доделени на Владо Ѓоргиев и Јелена Розга која што најави дека следната година ќе има свој концерт во Скопје.

Овогодинешното издание на “МАРС” е веќе зад нас, останува само да ги сумираме впечатоците и оние песни кои вистински си го заслужија она за што беа наградени да продолжат да се слушаат и во текот на следната 2014-та година.

Подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: