World Music

Контроверзната Мајли Сајрус го прослави својот 21 роденден

Контроверзната американска музичка ѕвезда Мајли Сајрус во друштво на многу познати личности од шоу бизнисот го прослави својот 21 роденден. Пејачката која стана позната по улогата на тинејџерката Хана Монтана од сега и официјално и според американските закони може да консумира алкохол бидејќи е веќе полнолетна. На забавата во хотелот Роузвелт во Лос Анџелес се пиело шампањ и текила.

Од познатите личности од шоу бизнисот на журката во Ел –Еј се појавиле Кели Озборн, членовите на групата “One Direction” актерката Ема Робертс, раперот Виз Каифа и уште многу други познати и непознати гости. Новинарите од Америка откриле податок дека Мајли Сајрус за афтер-забавата изнајмила еден цел театар. Ексцентричната Мајли Сајрус, инаку, 21 година наполни на 23-ти ноември, но одлучи роденденот да го прослави неколку дена подоцна.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: