Музика на кирилица

Среќен роденден Пепа!

На денешен ден е родена нашата позната македонска поп пејачка Пепа Димитрова. Нашата Пепа која е сеуште актуелна со хит песната “Со тебе немам сон” верувале или не, за краток временски период има 153 илјади прегледи на видео спотот од веќе споменатата песна која Пепа ја промовираше и најави дека освен оваа, и претходните две “Длабоко” и “Студени очи”, ќе бидат дел од првиот албум на оваа македонска пејачка.

Музиката и текстот се на Весна Малинова, аранжманот на Владимир Дојчиновски-Дојчин. Спотот го потпишува Зоран Стојановски-Зонде. Уште еден и посакуваме се најдобро на нашата македонска пејачка Пепа, многу здравје, среќа и успех во се она што го работи, и секако, што поскоро промовирање на првиот албум што е веќе во подготвка.

За крај, да се потсетиме на неодамна објавената песна од Пепа “Со тебе немам сон”.

Можеби ќе ве интересира: