Музика на кирилица

Стумичанката Александра Јанева им пееше на скопјани (Видео)

Не е прв пат позната македонска пејачка што потекнува од внатрешноста на Македонија да пее во нашиот главен град Скопје. Тоа се случи и овој пат, но интересно во целата приказна е тоа што популарната Александра Јанева која е позната на македонската поп естрада им пееше на скопјани и тоа во живо на улица Македонија, во центарот на Скопје на тв21. Во забавната емисија “Урбан таг” која што се емитува во живо на оваа телевизија, линковски од центарот на Скопје се вклучи водителот Кристијан Ландров заедно со поп пејачката Јанева. Како си поминаа, што правеа, како ги забавуваа скопјани и што се им пееја погледнете во следните 15-на минути.

https://www.youtube.com/watch?v=S7GN9zf_9T4&feature=share

Подготви: Маргарита Робевска

Можеби ќе ве интересира: