Сигурни сме дека досега сте ја слушнале новата песна на еден од најдобрите машки вокали во Македонија, познатиот Влатко Лозаноски-Лозано. Тој оваа песна ја има снимено со своите нови другари и пријателчиња од детската телевизиска серија „Дајте музика“. „Другар“ е насловот на заедничката песна која е веќе хит на македонските радиостаници.
Како и сите песни досега, и оваа е дело на Лазар и Ена Цветковски, кој досега имаат голем број на хитови зад себе. Ова е уште еден доказ дека овој познат македонски пејач освен со младата публика, тинејџерите, успешно може да се снајде и спријатели со децата, кои очигледно го сакаат како него, така и неговите песни.
