Музика на кирилица

Текстот одамна го заборави, пуштете го на раат да го пие кафето

Иако можеби нашиот портал е музички и не е наша работа да ги критикуваме нашите колеги од медиумите, овој пат навистина мораме, и простете ни поради тоа, бидејќи сепак станува збор за и околу музиката. Веќе подолго време во нашата редакција се седи до доцна и се пишуваат и преведуваат текстови што потоа ви ги презентираме вам на нашиот портал, е токму таква вечер е и оваа денес. И не би било тоа тоа ако при мала кафе пауза некој од нас не го земе далечинското и не смени на некој од тв каналите, и… повторно истата емисија со истиот водител. Веќе упорно, со месеци нашите колеги од ТВ Сител во раните утрински часови, некаде околу 3 часот по полноќ емитуваат музички емисии кои рака на срце се интересни и понекогаш и смешни, но за жал и премногу стари. “Како беше текстот” и “Нај талент” се музички авторски емисии на Драган Вучиќ кои на оваа фрекфенција се емитуваа можеби пред 3-4 години, и искрено тогаш беа доста гледани, но зар треба сега откако посакуваниот ни водител пие кафица со уште попознатите турски синхронизирани ликови, да го пуштаме со ептен заборавените емисии за погодување текстови, пеење во живо… повторно и повторно ?!

Немаме ништо против ТВ Сител, како еден од водечките национални медиуми, но сепак колеги, веруваме дека имате многу што да пуштите во овие часови, отколку да пуштате музички емисии кои веќе се заборавени и им поминал рокот. Еве, предлог од нашата редакција, во овој термин да емитувате секоја вечер по еден светски концерт, дали станува збор за Витни Хјустон, Мајкал Џексон, Адел… сеедно, музика си е музика, понекогаш подобро да се емитуваат безвременски концерти отколку старо-заборавени музички емисии.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: