Тој е еден од најпознатите режисери на музички видео спотови. Речиси нема кој не го познава од македонската музичка естрада, а во поново време доста е актуелен со својата работа во Албанија и Косово. Во оваа наша новогодишна анкета, ви го претставуваме младиот режисер Џулијани, а за тоа каде и со кого ќе ја прослави и дочека Новата година, во продолжение на анкетата…
Музика24: Како се чувствуваш секогаш кога се наближува Новата година, дали можеби како некое мало дете оставаш празни новогодишни чорапчиња и го чекаш својот подарок од Дедо Мраз, дали можеби размислуваш и потајно си фантазираш… дали можеби се чувствуваш некако посебно, новогодишно… или ти е сеедно што се наближува Нова година?
Џулијани: Секоја Нова година, секој ден плус ни дава енергија плус и не потсетува на времето дека тече, поминува и на “алооо ајде мрдај немаш време” мораме да планираме на кој стил да го решиме нашиот ден, со цел да сме поуспешни и од тоа што ние самите мислиме.
Музика24: Како вообичаено се подготвуваш за Новата година? Купуваш многу храна, некоја посебно убава книга, купуваш подароци за своите најблиски… си купуваш нешто за себе?
Џулијани: За Новата година најголем товар е тоа што треба да бираш друштво, луѓе, саканата која стварно ја сакаш, за на крај пијалокот и јадењето да го постигнат ефектот.
Музика24: Што претставува за тебе новогодишната еуфорија? Што претставува воопшто пречекот за Нова година, како го доживуваш сето тоа? Дали тоа и тебе ти се случува, дали те фаќа она новогодишното?
Џулијани: Еуфорија!? Не, можеби повеќе е како потсетник на тоа што имаш сработено, потикнато и нешто на кое ќе се потсетиш во текот на наредната година, како беше, лудо, лом и не знам што.
Музика24: Како и каде планираш да ја дочекаш новата 2013-та година?
Џулијани: Во “Like Caffe” Куманово, со друштво, саканата, добра журка и DJ, и заклучена врата.
Музика24: Кој е според тебе настанот на музички план кој што ја одбележи 2012-та, а која пак песна може слободно да кажеме дека е песна на годината?
Џулијани: Немам некоја песна, ги слушам, поминуват и толку, повеќе би рекол филмови!
Музика24: Кои се твоите планови, замисли… кои што би сакал да ти се остварат во текот на идната година, нешто што досега не ти се случило?
Џулијани: Снимање на краткометражен филм, 3Д анимиран, нешто што не сакам да допирам кај сите што имат и немат емоции.
Музика24: Што би им посакал во новата 2013-та година на нашите Музика24 интернет читатели, а воедно и на твоите пријатели и подржувачи на твојата работа?
Џулијани: На Музика24 им посакувам да се шират и да ја постигнат секоја цел што ја посакуваат, нормално дека ако сакавме музика повише од политика, сите ние ќе живеевме плус некоја година повише, и позитивни. На тие што ме подржуват ќе им ветам дека нема да ги разочарам и дека ќе ги изненадам со мои нови продукти.
Интервјуто го подготви: Александра Блажевска
