Музика на кирилица

Македонската евровизиска претставничка Тијана Дапчевиќ подготвена за вештачко оплодување

Тијана Дапчевиќ – овогодинешната македонска евровизиска претставничка, веќе подолго време со својот сопруг Милан, размислуваат за второ дете. Тие сакаат да го прошират своето семејство и поради тоа Тијана е подготвена да оди дури и на вештачко оплодување.

“Веќе извесен период Тијана и Милан зборуваат за тоа како сакаат уште едно дете. Со оглед на тоа што пробуваат Тијана да забремени, а не им успева, решени се да пробаат со вештачко оплодување. Тијана нема проблем со тоа и ќе направи се за да остане трудна”, изјавила блиска пријателка на пејачката. Освен со ова, Тијана е преокупирана и со снимање на нов сингл кој што ќе се случи веднаш по враќањето во Белград. Моментално таа заедно со својот син престојува во Скопје кај родителите.

Подготви: Ангела Трајковска

Можеби ќе ве интересира: