Конечно е откриена тајната за совршен стомак и секси задник кој што го има светски познатата поп пејачка Ријана. Таа насекаде жари и пали и нема кој а да не се сврти кога таа е во прашање. Можеби се прашувате, на што се должи ова? Нејзиниот личен тренер Ари Нунез вели дека цврстите облини се резултат на напорно вежбање, а доколку сакате и вие совршен стомак со кој ќе се гордеете летово… тогаш овој текст е токму за Вас.
Вежби на Ријана за рамен стомак: Од опрема потребни ви се подлога за вежбање и плејлиста со хитовите на Ријана
Стомачни
Легнете на грб, со петите цврсто на подот (поставете ги во ширина на рамења). Горниот дел од телото подигнете го кон колената, а потоа испружете ги рацете рамно пред себе, така што рамениците ќе ви бидат над колковите. Направете 32 повторувања.
Стомачни со ротација
Легнете на грб, а десниот зглоб ставете го преку левото колено. Десната рака ставете ја на подот покрај себе. Држејќи го десното рамо на под, донесете го левото рамо до десното колено. Направете 32 повторувања на секоја страна.
Штица
Легнете испружени со подлактниците и ножните прсти на подот. Телото мора да биде во рамна линија од глава до пети. Гледајте кон подот и позицијата задржете ја 32 секунди. Повторете 3 пати.
Активна штица
Од позицијата штица кренете ја десната рака и повлечете ја кон себе, како да се обидувате со лактот да удрите некого пред себе. Направете 32 повторувања со секоја рака.
Римска активност
Застанете во широк расчекор и спуштете се во како да чучнувате и внимавајте грбот да ви биде рамен. Дигнете ги рацете така што лактовите ќе ви бидат на висина на рамениците. Движете ги рацете од левата на десната страна, па од десна на лева. Оваа вежба прилично ќе ве умори.
Во продолжение, погледнете го видеото со вежби кои познатата пејачка ги користи, во презентација на нејзиниот личен тренер Ари Нунез.
Подготви: Андреја Андреевиќ
