Доолгоочекуваниот дует за кој толку многу зборуваа фановите на Таско и Пајак се реализираше со песната “Психо”. Популарни меѓу младите двајцата Киковци, Христијан Тасковски-Таско и Христијан Настески-Пајак, ден по промоцијата веќе високо котираат на трендинг листата на YouTube.
Песната е во трап стил за која музиката и текстот го напишаа самите Пајак и Таско и одлично се надополнуваат во истата, а додека миксот и мастерингот е на Иван Јованов – Ивајо. Спотот е во режија на Гордан Божиновски, камера Били Д, видео ефекти Никола Наумовски, а сето тоа во организација на Борис Тасковски. Се снимаше во Театар Комедија каде Пајак глуми Џокер, кој работејќи напорно постанал психо.

Пајак и Таско во овој проект звучат како едно, но секој посебно си има свој изграден веќе препознатлив стил. И двајцата ни најавуваат многу нови песни и соработки со наши, па и српски артисти.
До тогаш уживајте во песната и одличниот спот за “Психо”.
Подготви: Редакција Музика24
