Музика на кирилица

Туна освен нов спот, го промовираше и новиот дечко (Видео)

Албанската пејачка Алтуна Сејдиу, кај македонската публиката попозната како Туна, подолг временски период паузира од македонската музичка сцена, а многу почесто можеме да ја видиме во соседство со своите музички ангажмани. Таа веќе извесен период работи на промовирање на својот музички материјал наменет за тие простори, а неодамна го пушти својот најнов видео спот за песната “Феникс” кој што од своето пуштање па до денес на музичкиот канал YouTube постигна речиси 3 ипол милиони прегледи.

Во спотот “Феникс” се појавува познатиот албански рапер Козман кој што, како што дознава Музика24 е новиот дечко на Туна. Според информациите на колегите од соседството, тие веќе неколку месеци се неразделни, а вљубениот пар досега успешно ја крие врската од јавноста негирајќи дека помеѓу нив не постои ништо повеќе освен пријателство. Туна за медиумите изјавила дека тие се само обични пријатели и дека нема коментар во врска со според неа шпекулациите кои што се прикажуваат во јавноста, во моментов се посветува на промовирање на новиот музички материјал на кое што како што вели таа целосно е посветена. Дали таа едноставно ја прикрива вистината од јавноста или нешто друго е во прашање, сепак не знаеме. Но, откако ќе го погледнете спотот, можеби и вие ќе размислувате како нас.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: