Како што пишува дневниот весник “Вечер”, најпосакуваниот ерген во Македонија Владимир Франц кој што е дел од “Нокаут”, напролет ќе прави свадба. Тој по долгата врска со Ема (ќерќа на бизнисменот Иван Џо Петрески), во моментот ужива во љубовта и го заедно го чекаат денот кога ќе го кажат судбоносното ДА. Франц за “Вечер” вели:
“Во принцип, сакам приватниот живот да си го задржам за себе. Среќен сум, убаво ми е и тоа е најважно. Живееме заедно, планираме свадбата да ја направиме кога ќе се затопли и тоа е се што можам да ви кажам”, изјавил Франц. Тој ги негира многубројните шпекулации дека наскоро ќе стане татко и вели дека за се има врема, па така и за тој момент. А за сите тие шпекулации и чершиски муабети, Франц возвраќа:
“Не е точно тоа дека Ема е трудна. Нема да бидам татко во блиска иднина” насмеано изјавил Франц. Што се однесува на професионален музички план, тој заедно со останатиот дел од “Нокаут” ќе настапи на претстојниот радиски фестивал “МАРС”, каде што се номинирани за најслушана песна, а во идниот период, го најавува и новиот албум каде што ќе се најдат многу нови песни.
Подготви: Катерина Митровска
