Денес на својата фејсбук фан страница каде што имаат повеќе од 84 илјади фанови, познатата македонска група Next Time објави статус каде сите свои фанови, македонската публика и сите оние кои сакаат големиот македонски празник Илинден да го прослават со македонска музика, да повелат на нивниот бесплатен концерт кој што ќе се одржи во ноќниот клуб Аватар.
Тие во својот статус велат:
„Со голема радост ве покануваме на специјалниот концерт на популарниот македонски бенд Next Time, кој ќе се одржи на 2 август по повод големиот македонски празник Илинден во клуб Аватар. Прославете го овој значаен ден со незаборавна музика и одлична атмосфера. Влезот е СЛОБОДЕН за сите посетители! Не пропуштајте ја оваа уникатна можност за вечер исполнета со најубавите македонски песни и позитивна енергија“, велат во својот статус објавен на нивната официјална фан страница.

Доколку подржувате и слушате македонска музика, ова е одлична прилика да бидете дел и од овој голем бесплатен концерт по повод големиот македонски празник Илинден.
