Неодамна го снимаа новиот спот, а пред некој ден истиот и го промовираа во својот роден град Битола, станува збор за дечките од познатата битолската хип-хоп група “Б-Клан”. Декс и Шабац, како што ги познаваат битолчани, снимија спот за дутската песна со Марија Станковска “До последен здив”.
И за оваа песна, како и за останатите комплетно се погрижи познатиот битолски продуцент Мими Марковски, а зад текстот се потпишуваат “Б-Клан”, Мими Марковски и Елена Трпковска позната од “Солзи и смеа”. За последниот дел од песната, односно хорскиот дел беа ангажирани повеќе нивни пријатели и соработници меѓу кои ќе ги споменеме: Марија Станковска, Андријана Думевска, Марија Јовановска, Мими Марковски, Наум Мицевски, Давор Данилоски и Кристијан Пашоски.
Видеото како и сите претходни го реализираше и комплетно го подготви Дрим Каст продукција. Се надеваме дека оваа песна ќе биде една од вашите фаворити ова лето.
Подготви: Виолета Трајкоска
