Кој вели дека нас македонците не не бива… тоа секако го велат оние што не мразат и оние кој се големи песимисти, но ние од Музика24 така не мислиме. На музички план, сепак сме богати и имаме со што да се пофалиме, една од работите со кои сме навистина горди е нашиот македонски познат ражисер Дарио Јанковиќ кој освен што работеше и работи видео спотови за познати македонски и балкански музички имиња, тој од неодамна ги прошири своите граници на работа и пред извесен период снимаше видео спот за руската музичка ѕвезда.
Станува збор за Телман руски пејач, спотот е снимен во Херцег Нови, а за истиот во продолжение ви го преставуваме промо видеото кое Дарио го испрати до Музика24. Секоја чест за Дарио и секако се радуваме и секогаш ги подржуваме ваквите активности на било кој македонец надвор од Македонија.
Подготви: Виолета Трајкоска
