На многу наврати досега пишувавме за прилепскиот ноќен клуб “Calypso” кој од неодамна може да се пофали и со нов амбиент кој изобилува со нов топол изглед за сите есенско-зимски денови кога сакате да го испиете своето утринско или попладневно кафе со блиска личност, другар, другарка или слично.
Како и секогаш, и со почетокот на новата музичка сезона, овој познат ноќен клуб во Прилеп а и пошироко, само за вас за прв пат во Прилеп и “Calypso” ќе гостува познатата српска пејачка Катерина Грујиќ, како и познатиот македонски DJ Panco. Па доколку викендов сте во Прилеп или патот ве води натаму, незаборавајте одлично да се забавувате во наредните неколку вечери.
Подготви: Маринела Каранфилоска
