Премиера

24 Промо: „Тајфата“ – „Љубов без крај“ (Видео)

„Тајфата“ ја промовираше новата песна и спот за својот најнов сингл „Љубов без крај”. Според нив целта на денешното објавување на истата е да им го честитаат празникот 8-ми март на сите припаднички на понежниот пол и да им поклонат една убава балада на сите кои запливуваат во брачните води.

„Денес премиерно ја објавуваме нашата нова песна „Љубов без крај” тема на која музиката ја напиша Владимир Богески, за текстот се погрижи Сара Пројковска додека аранжманот го напишаа Владимир Богески и Рубин Димкоски. Видеото го подготви Зоран Пилоски заедно со нашата „Tajfata production”. Токму овој ден го одбравме за промоција за со едно мало внимание една љубовна приказна да им подариме на припадничките на понежниот пол, барем толку сме должни на нашите фанови со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме сите. Се надеваме на подобри времиња во поопуштена атмосфера како што ја памтат сите“, велат членовите на групата.

Можеби ќе ве интересира: