Премиера

Calypsoland: Број 1 место за кафе дружење ова лето – Club Calypso Прилеп (Фото)

После долгите карантински денови и полициски часови кои се зад нас, можеме конечно да се опуштиме и да се предадеме на летото и сите оние убавини и придобивки кои самото тоа ги носи со себе. Една од тие убави работи кои ќе се случуваат ова лето е реновираниот, препознатлив и на далеку познат Club Calypso, кој што се наоѓа во центарот на градот Прилеп.

Верувале или не, тие годинава го прославуваат својот јубилеј од 10 години исполнети со многу забави, журки, интересни моменти… а досега на сцената на Club Calypso имаат настапувано: Dennis Cruz, Саша Матиќ, Саша Ковачевиќ, Релја, Николија, Владо Јанески, Куку Леле, Таско, Два Бона, Влатко Лозаноски, Галија, Александра Јанева, Cyrillic… Наташа Беквалац, Јелена Розга, Катерина Груиќ, Анабела Funky G… и уште многу, многу други.

Calypso е познат по одличните и незаборавни забави, лудите и откачени журки, многубројните музички гости кои досега го имаат посетено и настапиле во него, слободно може да кажеме дека Calypso претставува број 1 место за одлична денеска шема (кафе пиење и муабет со другарите, другарките, познаниците…), а популарен е и кај младите по вечерните одлични и незаборавни забави со познати македонски и светски DJ-и како и изведувачи, познати музички имиња како од кај нас така и од Балканот.

Во моментов поради светската пандемија и почитување на препораките дадени од надлежните, а поврзани со нашата реалност – коронавирусот, за жал извесен период нема да може да се забавуваме во вечерните часови со познатите музички имиња… но затоа пак, секогаш на располагање ви стои одличниот и насмеан љубезен персонал, кафињата, коктелите, овошните салати, смути комбинациите кои само тука и никаде на друго место го немаат тој совршен вкус, мирис и шмек кој може да ве опушти и бездруго вечерта да ви биде одлично помината со вашето омилено друштво.

Откако добро ве запознавме и како за прв пат ви објаснивме некои нешта кои можеби и не сте ги знаеле за Calypso, со задоволство ви го препорачуваме ова место ако живеете во Прилеп, Битола, Крушево или околината, или пак доколку на било кој начин поминувате низ Прилеп, поминете и во најдоброто место за ова лето – Calypso и сами знаете зошто.

Следниот пат во Calypsoland ве запознаваме со сите пијалаци, коктели, смути… и се она што е на менито и можете да го добиете пред вас во рок од само 5 минути.

Можеби ќе ве интересира: