Премиера

Групата “Темпера” го промовираа новиот сингл “Дојди” (Видео)

Позитивни, енергични и со полно срце македонскиот музички бенд “Темпера” повикуваат на “весел исход и неконтролиран бој” како одговор на новата реалност. Ова е петти сингл во низа од новиот материјал по дебитанскиот албум “Играј!”.

“Дојди” е песна исполнета со динамична ритмика, вокални и гитарски хармонии, спој на ретро и модерен звук оплеменет со виртуозноста на Петар Христов, кој гостува на саксофон. Видео спотот за песната го изработи Александар Ристовски-Принц.

Снимена и продуцирана во “Тралала студио”. Во бендот членуваат: Тања Тас – вокал, Драган Гиновски Гино на гитара, Мите Димовски – тапани и Џоле Максимовски на бас гитара.

Можеби ќе ве интересира: