Игор Јагуриноски од Прилеп го промовираше првиот спот од Прилеп снимен на мобилен телефон. Спотот е снимен за неговата авторска рок песна „Биди млад“. Игор е комплетен автор на песната почнувајќи од музиката и текстот па се до снимањето и монтажата на спотот. Во песната на соло гитара на Игор му се придружува синот Михаил а во спотот статира друштвото на Игор.
