Полека доаѓа летото, а со тоа и големите open air концерти во Македонија. Сепак, како соодветно би ја завршиле сезоната на ексклузивни и интимни концерти какви што овозможува просторот на Македонската Филхармонија, ви подготвивме уште два настани, од кои доаѓа веќе во втората половина од следниот месец:
Навистина долгочекуваното, суперспектакуларно шоу на гудачкиот квартер „BOND“ конечно со свој гала концерт на 19 мај во Македонска Филхармонија!

Квартетот „Bond“ е супербренд во светот на музиката кој е истовремено и најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња. Нарекуван уште и „Spice girls на класичната музика“, има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет и 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија. После огромен број на распродадени концерти низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија, уникатните Bond конечно доаѓаат во Скопје! Влезниците ќе бидат во продажба од среда (26-ти април) во 09 часот наутро онлајн на avalon.mk и ширум продажната мрежа на Авалон низ Македонија по следните цени и категории: 2.000 денари и ВИП 3.000 денари.
