Калиопи повторно ја изненадува својата публика со нов музички сингл. Денес, пејачката ја претстави песната „Бебе“, која пристигнува проследена и со видео спот, со што новата музичка приказна добива и своја визуелна форма.
Зад музиката, аранжманот и продукцијата на „Бебе“ стои Ромео Грил, додека текстот е на Калиопи. Токму спојот на препознатливиот авторски сензибилитет на Грил и специфичниот израз на Калиопи ја создава атмосферата на новата песна. Визуелниот дел е дело на Александар Ристовски – Принц, кој го потпишува режисерскиот концепт и реализацијата на видео спотот.
„Бебе“ веќе е достапна на дигиталните музички платформи, а видео спотот од денес е достапен и за македонската публика. Песната и видеото можете да ги погледнете во продолжение на Музика24.
Текстот го подготви: Редакција Музика24
