Како што не известуваат нашите пријатели и соработници од најдобрата македонска продуценска куќа, Авалон продукција, новиот проект на Каролина Гочева „Дај на сунце’’ кој што е проследен со видеоспот, наменет е за целиот регионален маркет.
Позади песната стои Дино Мухаремовиќ, автор на неколку легендарни песни, како „Додирни ме случајно” од Масимо Савиќ, додека аранжманот е на Дино Шукало, гитарист во бендот на Дино Мерлин и познат сараевски студиски музичар, аранжер и композитор.
Песната е снимена во Сараево, во неговото студиото Модра Ријека во месец октомври, а видео спотот е дело на Миомир Милиќ.
Уживајте!
