Таа е една од најпознатите балкански фолк пејачки кои за кратко време со својот стас, глас и појава се издигнаа на она ниво на кое што е денес. На 16-ти декември (сабота) во Скопје, арената „Јане Сандански“ ќе ечи од познатите хит песни кој нема а кој не ги знае и ги пее во себе барем еднаш во денот.
Почитувани, предконцертно и предновогодишно интервју на Теа Таировиќ за музичкиот портал Музика24.
Музика24: Неодамна имавме прилика на YouTube да го погледнеме концертот кој што пред неколку месеци се случи во Белград, на Ташмајден. Дали концертот кој што го подготвувате во Скопје за 16-ти декември ќе биде налик на белградскиот (со сите светлосни и видео ефекти) или истиот ќе се разликува во некои мали детали и изненадувања за публиката?
Теа Таировиќ: Ќе има изненадувања, секако. Концертот во Скопје ќе биде слична форма, нема да биде нешто сосема поразлично и поинаку за разлика од она што се случуваше во Белград. Луѓето ќе дојдат да го погледнат она и што го очекуваат и на што се навикнати кога станува збор за моето име и презиме. Но, во секој случај, ќе има изненадувања за присутната публика.
Музика24: На белграскиот концерт песната „Балерина“ ја отпеавте заедно со публиката. Дали скопската публика ќе има привилегија да го погледне и слушне одлучниот дует со Војаж?
Теа Таировиќ: На Ташмајден поради веќе закажани обврски Војаж не беше во можност да присуствува на концертот. На затоа пак, Скопје и македонската публика ќе има можност да ја слушне веќе познатата и насекаде често барана „Балерина“.
Музика24: Дали на концертот во Скопје освен Војаж, ќе има и познати македонски музички имиња како гости?
Теа Таировиќ: Да ќе има. Но… ајде се уште да не откриваме, нека биде изненадување за публиката.
Музика24: Многу добро знаеме зошто го променивте насловот, а потоа и текстот на песната „Израел и Палестина“. Ти си ко-автор на текстот. Можеш ли да ни кажеш зошто токму таков наслов на песната, дали тоа е поради самата рима или има некоја посебна причина?
Теа Таировиќ: Да, во право сте. Текстот за песната „Израел и Палестина“ е мој, во оваа прилика го поздравувам и Сашо Лазиќ кој учествуваше во создавањето на тој текст. Јас веќе еднаш објаснив, „Израел и Палестина“ е една обична љубовна песна која говори исклучиво за љубовта и за ништо повеќе од тоа. Мора да признаеме дека римата е одлична и покрај сите случувања. Јас никогаш не можам да бидам доведена во врска со актуелните случувања мислам дека тоа е навистина бесмислено, и за да го поткрепам она што сега го говорам го променив текстот само поради тоа луѓето да сфатат дека станува збор само за една добра рима и ништо повеќе од тоа. „Шпанија и Аргентина“ е само поради римата (се смее).
Музика24: На настапите во дијаспората често те слушаме како пееш познати македонски песни, а нели, со македонско вино тие песни баш одат. Дали на 16-ти декември присутната публика ќе ја израдуваш со некоја позната македонска песна?
Теа Таировиќ: Општо познато е дека ја сакам македонска музика и песна, а специјално за скопскиот концерт ги подготвувам моите омилени песни од најголемиот поп изведувач на Балканот кој за жал повеќе не е меѓу нас, Тоше Проески. Така да една негова песна ќе биде дел од мојот репертоар. Можам слободно да кажам дека многу ми е тешко на пробите, се разбира никој не може како Тоше да ги отпее неговите песни, но емотивно ми е навистина тешко да ја отпеам таа песна. Но се надевам дека до концертот пополека ќе го пребродам сето тоа.

Музика24: Кога ќе станеш наутро, додека се расонуваш која песна ја пушташи со која песна ти почнува денот и истата потоа си ја потпевнуваш?
Теа Таировиќ: Моментално ја пеам својата најнова песна „Белерина микс“, затоа што толку долго и вредно работев на сето тоа што ми остана во глава и само тоа си го потпевнувам. Но често се случува да слишнам нешто на радио и едноставно не сака да излезе од глава па не сака (се смее).
Музика24: Дали веруваш во Дедо Мраз?
Теа Таировиќ: Во Дедо Мраз, верувам.
Музика24: Која е твојата порака до него, што би сакала годинава да ти донесе?
Теа Таировиќ: Сакам да ми донесе некои слатки кои не дебелат. Да можам да јадам, да јадам, да јадам и да не се здебелам. Дедо Мраз ако може запиши таму.

Музика24: Знаеме дека професионално си многу активна, концерти, настапи… но што би сакала да ти се случи на приватно поле следната 2024-та година?
Теа Таировиќ: Да си најдам маж… сопруг (се смее).
Музика24: Некаде, во некое твое интервју прочитавме дека сама велиш дека веќе две години не си била во љубовна врска, не си имала момче. Дали е тоа точно?
Теа Таировиќ: Да, но сега се веќе 4 години како сум без момче. Сум сингл.
Музика24: Еден ден кога ќе станеш мајка, колку деца би сакала да имаш?
Теа Таировиќ: Реков 3 деца, но сега ќе зголемам на 5 (се смее).

Музика24: Дали Теа Таировиќ е среќна во животот?
Теа Таировиќ: Да, среќна сум. Здрава сум, жива сум, го работам она што го сакам… луѓето што ги сакам се здрави и се тука… мислам дека тоа се доволни причини за среќа.
Музика24: А дали следната година може да очекуваме Теа да сними дует со некоја позната македонска музичка ѕвезда?
Теа Таировиќ: Па зошто да не. Македонските изведувачи се навистина многу, многу талентирани. Вие македонците како се раѓате со талентот за пеење, така да, јас се надевам дека следната година тоа ќе се случи.
Музика24: Новата година ќе ја дочекаш работно во Загреб, Хрватска. Дали тоа значи дека после Скопје и Загреб турнејата продолжува и во 2024-та година?
Теа Таировиќ: Во 2024-та година ме очекува мојот трет солистички албум и по неговото излегување ќе ја најавиме новата балканска турнеја. Но дотогаш има време уште барем цела година.
Музика24: И за крај на ова наше предновогодишно и предконцертно интервју, како и на кој начин би им ја честитала Новата година на сите твои фановии обожаватели во Македонија?
Теа Таировиќ: Драги мои фанови, обожаватели во Македонија во Новата 2024-та ви посакувам многу љубов, здравје, многу позитивна и убава енергија. Да слушате убава музика и да се дружиме на уште еден голем концерт следната година.
Интервјуто го подготви: Иван Јосимовски
