Иако изминатиот период е актуелен со музичкиот проект “Бум бум илустрација” во кој е вклучен и мултимедиалниот артист Александар Спасоски, Мартин Мила се одлучи во македонскиот етер да ја промовира неговата најнова песна едноставно насловена “Стара”. Оваа песна е нешто ново што за прв пат може да се слушне од овој познат поп-рок пејач, тој за оваа песна вели:
“Стара” е песна која дефинитвно не враќа во корените на македонската изворна музика, а сепак, паралелно звучи прекрасно во спој со музиката и инструментите од 21 век. Мислам дека “Стара” e најсериозната композиција што до сега ја имам напишано. Повторно во комбинација со старите македонски изворни инструменти, успеав да ги ставам и дисторзиите кои во овој аранжман, даваат многу оригинален и препознатлив стил. Ова и е патот по која би сакал да се движи мојата креативност. Таква беше “Рам там там”… Мислам дека “Стара” може мајка да и биде на таа песна”, изјави Мартин Мила. Инаку, оваа песна е трето кант- авторско дело на Мартин Мила од третиот албум “Viva La Македонија”.
Подготви: Адела Петревска
