Последната песна на Мијата, „Маска“, доби свој спот. Се работи за поп – рок нумерата промовирана во декември 2020 година. „Маска“ е инспирирана и е на тема вирусот Ковид-19 кој нѐ засегна сите како алегорија за изразување на една друга подлабока тема, а тоа се женските права кои се посебно важни за секоја самосвесна жена како Мијата.
Мијата овој пат е и режисер на спотот. А таа е и автор на музиката и текстот.
