Премиера

“Спарта” емотивно парче кое со секое слушање одново се доживува – Џејла Рамовиќ го промовираше најновиот балкански хит (Фото+Видео)

За само два дена од промовирањето на видео спотот за најновата песна “Спарта”, на официјалниот YouTube канал на оваа млада, убава и веќе докажана девојка, Џејла Рамовиќ, ова видео парче е погледнато речиси 690 илјади пати, а бројката се повеќе и повеќе од час во час се зголемува.

Овој голем балкански хит кој се повеќе и повеќе се слуша и споделува, млада Џејла го има реализирано заедно со Немања Антониќ чие дело е музиката и аранжманот, текстот го напиша Косана Стојиќ, додека пак кавалот во оваа песна го отсвири Калин Ѓеорѓиев.

Интересно за овој проект е тоа што видеото заедно со многубројната екипа, беше реализирано на Исланд на одредени делови кои кога би го погледнале од прва видео спотот би помислиле дека истиот е снимен на хрома, но тоа не е така. Џејла на својот Инстаграм профил објави фотографии од локациите каде се е снимен и што се се случувало за време на снимањето на видео спотот за песната “Спарта”.

И покрај тоа што се обидовме да ја контактираме, до пишувањето на овој текст таа на нашите прашања се уште немаше одговорено. Инаку Џејла Рамовиќ гледачите, фановите и обожавателите ја запознаа во “Некои нови клинци” каде на 16 години победува, а две години подоцна победува и во балканското музичко реално шоу “Ѕвездите на Гранд”. Од тогаш па натаму, нејзината кариера расте и таа е една од најбараните млади и амбициозни пејачки имиња на Балканот. Моментално студира во Шпанија, Барселона.

Во продолжение, со задоволство ви предлагаме да го погледнете видео спотот за баладата “Спарта” на Џејла Рамовиќ, снимен на Исланд.

Уживајте!

Можеби ќе ве интересира: