Еден од најквалитетните песни досега издадени од опусот на поп дивата Кајли Миног со оглед на тоа дека напорно работела на оваа извонредна композиција која наликува на 90-тите, а носи наслов “I was gonna cancel”, сепак крајот го краси делото.
Можеби за некој е стандардна шема која постојано се врти во круг, но овој пат во соработка со американскиот продуцент и хитмејкер Фарел Вилијамс дадоа свој “шмек” со цел да го претстават во најдобро издание. Досега реализирани проекти од 12-от студиски албум “Kiss me once” се дуетот со Енрике Иглесијас “Beautiful”, потоа “Into the Blue”, “Sexercise” итн.
А како звучи целосното музичко парче слушнете во продолжение кој како времеплов ќе ве врати во едно убаво време.
Подготви: Редакција Музика24
