Во изминатиов период имавме прилика да слушнеме различни стилови на ковер изведби како од странски изведувачи, така и од македонските поп изведувачи. Тоа што досега сме немале прилика да го слушнеме, а дефинитивно ќе ве остави без зборови е новиот состав кој јавноста добро ги познава по нивните настапи низ цела Македонија.
Тие неодамна снимија прв ковер за песна од Адам Ламберт кој е апсолутен хит кај помладата публика во придружба на гитарата на Дени и нормално феноменалниот вокал на Тања Б. Но сепак, не е крај на овој извонреден ковер тие како што посочија во подготовка им се уште неколку вакви ковер песни како од странската музичка сцена така и од македонската поп сцена.
Во продолжение уживајте во феноменалната изведба на Дени и Тања Б.
Подготви: Редакција Музика24
