Во текот на вчерашниот ден на својот YouTube канал младиот и веќе познат артист Вчков ја промовираше својата најнова песна “Мрак” преточена во нов видео спот. Песната е дело на Вчков, додека пратечките вокали ги пее Јана Спирковска. Зад камерата снимаше Андреј Јаневски, кој и воедно го монтираше овој најнов видео спот.
“Новата песна е еден нов звук на нашата музичка сцена, орентал музика. Текстот е мој, но не е автобиографски. А дали сум задоволен од новата песна е сеуште рано да се каже. Оптимистичен сум и се надевам дека публиката ќе го прифати овој нов звук. За многу кратко време со задоволство можам да најавам дека ќе промовирам уште една песна, летна, овој пат снимена заедно со артист од Уругвај. Летото што туку почнува, време е да следат нови проекти во кои ќе ужива публиката”, изјави за Музика24 младиот и симпатичен македонски артист, Бојан Вчков.
Во продолжение, со задоволство ви препорачуваме да го погледнете најновиот видео спот за најновата песна “Мрак”.
